Да го наброиме имотот, на туѓо име, на министрите за здравство во последниве 6-7 години, порача Куновска

Поранешната советничка во Советот на Град Скопје и членка на СДСМ, Софија Куновска со остра критика за случајот „Онкологија“. 

Вели дека „рибата смрди од главата“. 

Нејзиниот фејсбук статус ви го пренеусваме во целост: 

- Проблемите се многу поголеми одошто навидум изгледаат. Што е задачата на едно ресорно министерство, поточно на еден ресорен министер и неговите службеници? Да овозможат највисоки можни стандарди ресорот да ги опслужува граѓаните.

Во случајов, кога станува збор за здравството,

-да се овозможи здравствена услуга во безбедни објекти,

-лекување согласно светски протоколи,

-да ги гарантира достапноста и квалитетот на лековите

-како и стручноста и професионалноста на медицинскиот персонал.

Ништо од тоа. Наместо сето наведено неретки се случаите кога го добиваме токму спротивното.

-запалени или во најголем број санитарно несоодветни услови во објектите

- несоодветна опременост на објектите

-лекување при што од лекарски грешки страдаат пациенти

-недостаток на лекови или нивен сомнителен квалитет

- несовесен, поткуплив и непрофесионален кадар.

Заклучок: министрите за здравство го разбираат здравството единствено како поле за “товарење на магарињата” и ништо друго. А сосем извесно премиерите учествуваат во истото со чинење или нечинење.

Затоа убаво рекле старите: Рибата од главата смрди!

Ајде сега заради “уметнички дојам” да ги наброиме сите куќи, вили, мотори, автомобили, бродови, бизниси и останати играчки на министрите за здравство во последниве 6-7 години, се разбира на туѓи имиња, за чисто да споредиме какви голтари беа кога дојдоа на власт и немаа ни за ново оделце за групното фото за нова влада.