Кедев на Велигден го освои и Макалу, петтиот највисок врв во светот!

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу, висок 8.485 метри, петти највисок планински врв во светот и десетти и со ова стана првиот Македонец кој се искачал на овој врв. 

Успешната експедиција во која беше и Кедев, ја сочинуваше тим од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Кедев беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.

Планинарското резиме на Сашко Кедев, покрај Макалу, вклучува искачувања на 10 од 14-те врвови над 8.000 метри. Тоа се Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).

На врвот Макалу вчера беше и Наила Киани, првата Пакистанка која се искачила на 11 врвови над 8.000 метри.