Актерката и поранешна советничка во Советот на Град Скопје, своевремено и претседателка на Градската организација СДСМ-Скопје од минатата недела е актуелна на социјалните мрежи со ставот кој го пренесува, а истиот предупредува за една алармантна појава во однос на здравјето на нашето поднебје.
- Деновиве го објавувам постот кој треба да ја разбуди сета општествена совест и да направиме притисок да се истражат наводите во него. Лекарите ми потврдуваат дека инциденцата на малигни заболувања е драстично зголемена последнава декада. Онкологија е масовна гробница, а пак детската онкологија е посебна тажна приказна. Додека, според пишувањето, некои прават профит ние дремеме и посматраме. Чекаме мечката да заигра и во нашиот двор. Мислам дека е доста, порача таа во својата објава на фејсбук.
Несомнено, ова нејзино предупредување предизвика и извесен страв кај дел од јавноста, но и револт и порив за акција!