Државната изборна комисија денеска ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за Претседател на Република Северна Македонија. Ждрепката ќе се одржи во 13:30 часот во големата сала на 4 кат во Државната изборна комисија.
- На 25 март 2024 година ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија, со почеток во 13.30 часот во големата сала на Државната изборна комисија (4- ти кат), информираа од ДИК.