ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Арсовска се лице и опачина

- Не не изненадува што СДС мисли исто како Данела Арсовска. Тоа е лице и опачина на една иста паричка.Нивната соработка е успешна за нивните лични интереси, но исто толку пак штетна за интересите на скопјани, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. 

- За засмејување и за групата тврдења верувале или не, е позицијата на Арсовска поддржана од СДС дека Христијан Мицкоски пред дваесетина години вработил 40 луѓе од чаирско семејство во Комунална хигиена и затоа е овој крах.Крахот е поради неспособноста на Арсовска поддржана од СДС која и праќа полиција да се пресметува со вработените во Комунална хигиена единствено што може да направи е да си поднесе оставка, велат од партијата.