Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје со порака: НЕ за бугаризација!

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје денеска со герила акција покажа уште еднаш дека се против прифаќање на францускиот предлог за решавање на спорот со соседна Бугарија. 

„НЕ за БУГАРИЗАЦИЈА!“ е нивниот слоган со кој денеска излегоа пред говорницата на седницата во Град Скопје.

Инаку и за денеска попладне е најавен граѓански протест за отфрлање на францускиот предлог.