ВМРО-ДПМНЕ: Пукањето во тетовската болница покажа само колку власта нема контрола над ништо

СДС – ДУИ – Алијанса ја претворија Македонија во мафијашка држава, се пука во болници, а министерот се правда дека не е поврзано со здравството, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е првото прашање дали пукањето кај тетовската болница има врска со здравството, туку зошто воопшто има пукање во државава, зошто има мафијашки пресметки како никаде на друго место, зошто толку палење коли?

Пукањето во тетовската болница покажа само колку власта нема контрола над ништо, и колку е нарушен и девастиран системот.

Срамно е правдањето на министерот. Живееме во мафијашка држава. И второстепено е прашањето дали има поврзаност со состојбите во здравството. Не знаеме што е потрагично да има или да нема, а министерот да осеќа дека треба да се правда дека нема врска со здравството, тоа значи дека сепак некој му кажал дека здравството е на колена и дека ваква катастрофа немало од 90-та до денес.

Европската коалиција на СДС – ДУИ Алијанса оствари уште еден бенчмарк на патот кон ЕУ, се исполни поглавјето за пукање во болница, и ние сме во очекување на некое следно нивно постигнување. Нема криминална сцена која не се случила со нив, и да има ќе се случи, зошто никогаш не било полошо, и затоа важно е да ги поразиме“, пишуваат во утринското соопштение.