ВМРО-ДПМНЕ: Во кабинетот на Меџити се вработени сестрата на неговата сопруга и нејзиниот брат

Во кабинетот на минстерот за здравство Фатмир Меџити работи сестрата на неговата сопруга но и нејзиниот брат велат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат дека се работи за дувло на непотизам. Се вработува кадар без соодветни критериуми и на скопски клиники иако станува иако станува збор за врвни здравствени установи од терциерно ниво кои треба да се синоним за квалитет во здравствениот систем.

- „Директно во кабинетот на министерот за здравство работи ни помалку ни повеќе, туку сестрата на неговата сопруга. Покрај сестрата на неговата сопруга, во кабинетот работи и нејзиниот брат.По примерот на останатите семејни лози кои се вработуваат, како ќерката на екс пратеничката Мира Дизел, синот на директорот на Клиниката за урологија и ќерката на директорот на Клиниката за очни болести, во кабинетот на Меџити е ангажиран како советник на министерот и близок роднина на Арбан Таравари, претседател на партијата од која доаѓа Меџити“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ваквите неадекватни политики, негрижата за кадарот и неговиот квалитет граѓаните ќе ги прегазат на изборите што следат, а здравствениот систем итно ќе биде рестартиран.