И ВМРО-ДПМНЕ со кривична за Спасовски, им нанел материјална штета на десетици илјади граѓани

И ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе кривична пријава против лицето Оливер Спасовски, кој како поранешен министер за внатрешни работи е лично и директно одговорен за хаосот со личните документи. ВМРО-ДПМНЕ е втората партија после ЗНАМ на Максим Димитриевски која му поднесе кривична пријава на екс министерот.

- Оливер Спасовски кој што кажував во својство на министер за внатрешни работи во период од околу 2 ипол години издавал лични документи кои што знаел и бил свесен дека нивната важност нема да биде во рок отколку што е ставен во документите туку истите ќе престанат да важат на 12.02.2024 година.  Имено, тој овој период од 12.02.2019 па се до средината на 2021 година тој свесно и директно раководејќи со Министерството за внатрешни работи кои што впрочем ги издаваат овие документи нанесува штета на десетици илјади граѓани. И таа штета е и материјална и нематеријална штета рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. 

Тој посочи дека две ипол години ја донесува македонската јавност, граѓаните на Република Македонија во заблуда со ова негово постапување и извршил злоупотреба на службената положба и овластувања, и несовесно работење во службата. 

Од партијата очекуваат од Јавното обвинителство да ја прифати кривичната пријава и да отвори истрага за Оливер Спасовски.