ВМРО-ДПМНЕ: Освен „нечиста крв“ има и крвави тендери, зошто Филипче е уште на слобода?

-Македонија доколку беше правна држава уште вчера ќе беше приведен Венко Филипче за скандалот „нечиста крв“. Додуша Филипче беше дел и од скандалот со „крвавите тендери со реагенси“, фантомските набавки на вакцини, и мал милион други коруптивни скандали, па гледаме дека надлежните не мрднуваат ни со прст, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-За конкретниот скандал кој ја бранува јавноста, одговорноста на Филипче е дека не превземал никакви мерки да ги заштити граѓаните и нивното здравје од непроверени методи. Како што информираат медиумите тој како министер за здравство знаел и ништо не превземал, туку напротив на еден или на друг начин ја промовираше здравствената институција. Овде се работи за целосно затајување на системот. Како што дознаваме од медиумите Филипче и институциите дозволиле да се применува метода на лечење која ниту домашните, ниту странски институции не ја признавале и дозволувале. Јавното обвинителство треба да ја прошири истрагата и да утврди дали Филипче свесно го овозможувал ова? Дали и какви финансиски бенефити имал Филипче од овој скандал? Зошто Филипче и покрај предупредувањата на одредени медицински авторитети дозволил некој на грбот на народот да спроведува скапи третмани за кои сега дознаваме дека не биле научно потврдени, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.