Витамини за подобар секс?

Не само што ќе бидете задоволни со сексуалниот живот, туку и со здравјето на целиот организам!

Немате желба за секс, не сте доволно влажни, а оргазам готово да не можете да доживеете? Ова а и слични вакви проблеми, не мора веднаш да ги препишете на хормонските нарушувања. Добрата вест е дека ниското либидо и сличните сексуални проблеми можат да се решат со витамини и со помош на исхраната, ние ви откриваме неколку витамини кои можат да ви ја подобрат акцијата под  " чаршафите".

Овие витамини слободно понудете му ги на својот партнер:

Витами Е ( токоферол)
Витаминот Е, е вистинско чудо на природата, антиоксиданс кој ја штити функцијата на тестостеронот и многу е важно да го внесувате. Женските хормони се многу повеќе отпорни, додека кај мажите не е така, па затоа витаминот Е може да биде најдобра одбрана. Исто така овој витамин може да спречи и вагинална сувост, која понекогаш знае да биде проблем.

Витамин А (ретинол)
Уште еден важен витамин кој е одговорен за производство на хормони и тестостерон. Витаминот А, може да се најде во млекото, јајцата, морковите... и пожелно е да го внесувате што повеќе.

Витамин Ц
Многу важен нутриент кој го штити организмот од секакви заболувања, кои меѓудругото можат да влијаат на сексуалниот живот. Исто така ја зголемува количината на естероген во организмот, што секако позитивно ќе влијае на вашата сексуална желба.

Витамин Б1 (тиамин)
Учествува во проиизводството на енергијата и помага да се стабилизирате и смирите. Доколку приметите промена на расположението за време на ПМС ( а сигурно е дека ќе имате), витаминот Б ќе ви помогне во тој мачен поериод.

Витамин Б2 (рибофлавин)
Ви дава повеќе енергија, го зголемува либидото и возбудува. Го чува вашиот имунитет, а најмногу го има во пивскиот квасец.

Витамин Б6 (пиридоксин)
Доколку имате проблем со оргазам, и повеќето од времето сте нерасположени, тогаш имате недостаток од овој витамин. Овој нутриент можете да го најдете во пилешкото, зелениот зеленчук или бананаите.

Витамин Б12 (Цијанокобаламин)
Недостатокот на овој витамин доведува до анемија, а анемичните девојки немаат сила ниту пак желба за било што, а да не зборуваме за секс.

Цинк
Доколку патите од недостаток на тестостерон, заблагодарете се на недостатокот на цинк. Него најмногу го има во морските плодови, а поради тоа тие важат за афродизијак. Но можете да најдете и цинк во вид на таблетки.

Витамин Д
Ја поттикнува сексуалната желба, а најдобро ќе го добиете со сончање. Во ладните месеци земајте го овој витамин во облик на таблетки.

Хром
Дали знаевте дека недостатокот на хромот во организмот влијае на расположението? А што е посебно важно за жените влијае на губењето килограми. Можете да го најдете во житарките, црн бибер или воинтегралното брашно.

Магнезиум
Магнезиумот е многу важен за репродуктивното здравје, но за жал не можеме многу да го најдеме во храната. Затоа најдобро е да го користите во вид на таблетки.

Селен
Ова е многу важен елемент кој е одговорен за многуте процеси во организмот како кај мажите така и кај жените. Помага во симптомите на мамурлук, но е одличен за дамите во менопаузата.

Гинко Билоба
Го подобрува помнењето и менталната активност. Зошто ни е важно за либидото? Затоа што го подобрува дотокот на крв во мозокот и има позитивни ефекти врз либидото.