Тантрички секс за почетници: Ова се сите совети што треба да ги знаете

Можеби сте слушнале дека тантричкиот секс служи како синоним за најинтимно сексуално задоволство во животот. Зборуваме за оргазми по целото тело и за еуфорични чувства кои скоро и да достигнуваат духовно ниво. Но, тантричкиот секс често може да биде погрешно сфатен.

Спротивно од врежаното мислење, не мора да бидете супер флексибилни, религиозни или духовни за да уживате во него. Се што ви треба е отворен ум и партнер за вакво ново искуство.

Пред да навлеземе во тоа што е тантрички секс и како да го практицирате, прво да започнеме со основата.

Во споредба со древните тантрички традиции, кои се протегаат илјадници години, западните сфаќања и учења на тантрите имаат многу пократка историја и она што би можеле да го означиме како „неотантра“.

Тоа е модерен пристап до тантрите кој се фокусира на исцелување на трауматските блокови, на длабоко поврзување со нечие тело и емоции и работа со сексуалната енергија.

Што е точно тантричкиот секс?

Тантричкиот секс во основа е спора, медитативна сексуална пракса. Тантричкиот секс нема друга цел освен да бидете присутни и поврзани еден со друг.

Предности на тантричкиот секс:

Подлабока свест и поврзаност со желбите и потребите на вашите тела

Зголемување на самодовербата во спалната соба и надвор од неа

Подлабока поврзаност со партнерот

Експериментирање

Извор за ослободување од сексуалниот срам или трауми

Сексот станува извор на инспирација, радост и поврзаност

Чекори за практикување на тантричкиот секс:

Романтична атмосфера

Тајната на тантричкото сексуално искуство е јакнење на сите сетила. Прекрасен начин да направите пријатна атмосфера и да го продлабочите секое сетило е да запалите свеќи, да го пригушите светлото, да пуштите музика. Само внимавајте музиката да не пречи премногу затоа што целта е да се создаде „сензуална чаура“.

За навистина да се приспособите на своите чувства, би можеле да се запрашате: Какво е чувството да се биде во овој момент? Како мириса собата во која се наоѓам? Ова е исто така совршено време да го облечете оној сет долна облека кој го подготвивте за специјални прилики.

Медитација

Тантричкиот секс вклучува потполна присутност за време на целиот сексуален чин, така што практикувањето медитација пред самиот однос може да биде прекрасен начин за опуштање на умот и телото.

Ако сте почетници и ви требаат насоки како да ја практикувате медитацијата, најдете мобилна апликација или побарајте видео на You Tube.

Купка

Уште еден одличен совет за влез во смирената зона пред практикување на тантричкиот секс е ритуалното капење. Да се биде во топла вода помага за опуштање на автономниот нервен систем бидејќи имитира престој во утробата.

Одвојувањето време за да бидете сами со себе може да го засили вашето искуство, било да учествувате во партнерски секс или за соло секс.  

Усогласено дишење

Само дишењето во текот на соло медитацијата може да направи чудо, но направете уште еден чекор понатаму практикувајќи хармонично дишење, кое вклучува синхронизирање на вдишувањето и издишувањето со она на партнерот.  Ако сте уморни од работниот ден, под стрес сте или сте нетрпеливи, само седнете и свртете се кон партнерот, слушнете го неговото вдишување затоа што тоа е навистина прекрасен начин за поврзување.

Контакт со очите

Не само што долготрајниот контакт со очите за време на сексот е супер секси, туку е и одличен начин за чувство на поврзаност со партнерот.

„Директниот, долг контакт со очите, му кажува на вашиот автономен нервен систем да се опушти и да биде присутен“, објаснуваат експертите.

Отворена комуникација

Ако почнете да се чувствувате непријатно во кој било момент за време на сексот, лесно ќе се одвоите од искуствата и моментите во кои се наоѓате, а тоа е она што сакате да го избегнете.

Моќта да се пренесе она што го чувствувате е многу важен сегмент од интимата на двајца партнери. Таа ќе ви овозможи да останете поврзани бидејќи се грижите и за себе, но и за својот партнер.

Без големи очекувања

Запамтете, целта на тантричкиот секс не е да се постигне оргазам туку интимно да се поврзете со својот партнер.

Се работи за отпуштање на очекувањата и за прифаќање на сите чувства кои може да се појават. Понекогаш ќе доживувате неверојатни оргазми, друг пат ќе плачете, трет пат ќе бидете несигурни, но најважна е комуникацијата и движењето низ сите емоции.