Висечки мост во Скопје? Погледнете како тоа би изгледало

Новиот мост Љубљанска ќе се протега на вкупна должина од 940 метри, поврзувајќи ги ул. Илинденска и ул. Скупи, а се очекува да биде готов во наредните 18 месеци. Видеото за овој грандиозен и амбициозен проект го објави градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук. 

-Самиот мост значително ќе го забрза и олесни движењето на сообраќајот, а со широчина од 24 метри и 4 коловозни ленти, вклучувајќи и пешачки и велосипедски патеки од двете страни, мостот Љубљанска е архитектонско решение што ќе биде првиот висечки мост во Скопје кој ќе овозможи непречено функционирање на сообраќајот и намалување на метежот во овој дел од градот, велат од Град Скопје.