ЈП “Лајка“ со едукативна кампања ќе ги учи децата како да бидат одговорни сопственици на милениците

ЈП “Лајка“ почнува со едукативна кампања во скопските училишта на која дцата ќе имаат можност да се едуцираат и да научат што се подразбира под одговорно чуање на куче и како да се грижат за своите миленица. Ова се одвива во рамки на проектот “Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерството" под покровителство на Американсата амбасада.

“Сметаме дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња е важно да се влијае на децата па затоа целта на оваа активност е да, преку едукација, се зголеми свесноста кај најмладите за одговорното сопствеништво за теми како што се ненапуштањето на милениците и соодветната грижа за истите, а преку тоа и да се придонесе кон долгорочно решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња во Скопје“, но и во земјава се вели во соопштението на “Лајка“.