Виктрија Лоба за Нова година ќе пее во еден познат скопски хотел

Популарната пејачка Виктрија Лоба за дочекот на најлудата ноќ во годината ќе пее во центарот на Скопје, во Скопје Мериот.

-Викторија ќе настапи во живо со нејзиниот бенд, гарантирајќи неповторлива забава, шоу и мигови за паметење.Перформансот ќе биде надополнет со кабаре танчерско шоу, велат организаторите. 

Забавата стартува во 21:30 часот, а ќе трае до 2 часот по полноќ. 

Билетите веќе се пуштени во продажба.