Пожар избувна во близина на салата „Борис Трајковски“, а облаци црн чад ја прекрија населбата Карпош.
Пожарникарите се на терен и очекуваат за кратко огнот да биде изгаснат.
- Запалени се сува трева и ѓубре од депонија. Три возила со седуммина пожарникари веќе го гаснат пожарот и очекуваме дека за многу кратко време ќе биде локализиран, вели Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Скопје.
Видео: А1он