Арсовска откри дива депонија во сопственост на вработен во Ѓорче Петров, општината била најголем клиент

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната пресконференција објави дека открила депонија со која била предизвикана еколошка катастрофа која се протегала 9000 метри квадратни од кои 4000 метри биле во сопственост на лице кое е вработено во општина Ѓорче Петров. Депонија била откриена на само неколку стотина метри од новата прочестителна станица која ја гради Ѓорче Петров, а е финансирана од ЕУ.

Арсовска рече по дојава биле фатени неколку лица на лице место додека вршеле екоцид, и се спречени во вршење нелегални активности, прибрани се докази, а состојбата е фотографирана. Дополнително случајот е пријавен во МВР, а на лице место излегла и полицијата.

- “Нема да дозволиме никој свесно и за профит да ги труе Скопјани.  Констатирано е дека приватната дива депонија се користела како бизнис од наведените лица, кои не само што предизвикале екокатастрофа со истурање отпад во заштитната зона на реката Лепенец, туку и се осомничени за финансиски криминал. Прашањето е дали најголем клиент на овие лица кои вршеле екоцид е општината Ѓорче Петров. Во документацијата во која се водела илегална евиденција, може јасно да се констатира дека покрај градежните фирми и приватни лица од кои се наплаќало од 1.000 до 1.200 денари, најчест клиент кој депонирал опасен отпад е општината. На оваа локација, од истата илегална евиденција може да се види дека меѓу 50 и 100 тешки товарни возила на ден истурале токсичен и канцероген отпад“, рече Арсовска.

Општината, како штo додаде градоначалничката, немала склучено договор со ЈП Дрисла, за одлагање на комунален и општински отпад.

Аросовска апелира што побрзао да се процесуира случајот, а најави и посебна кривична пријава за градоначалникот на општината Ѓорче Петров. Го повика си поднесе морална одговорност и одговорност од функцијата градоначалник.