(Видео) Ги обожаваат децата! Како да направите декоративни рафаело снешковци?

Овој рецепт за празнични слатки снешковци ќе ги воодушеви најмалите. 

Се прави едноставно, со рафаело топчиња кои ќе ги споите со рафаело крем и ќе ги декорирате како снешковци. 

Како да подготвите рафаело топчиња погледнете на следниов линк

Откако ќе ги направите топчињата, пригответе го рафаело кремот. 

Потребни состојки: 70g кокос 400g кондензирано млеко 200g путер 200g бело чоколадо.

Подготовка: Растопете ги путерот и белото чоколадо на тивка температура со постојано мешање за да се не запечат.  Потоа, додадете го кондензираното млеко и мешајте. Потоа додадете го кокосот и уште еднаш добро измешајте. Така подготвениот „Рафаело“ крем ставете го во сад и чувајте го во фрижидер 3 до 4 часа.

Потоа може да ги споите топчињата, а во однос на декорацијата на овие слатки предпразнични снешковци погледнете го видеото: