Видео: Герасимовски дојде со полиција за да затрупа градилиште зад Универзална

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски заедно со службите од општината и полициска интервенција пристигнаа на градилиштето зад Универзална сала, кое проголта дел од улицата „9 мај“.

Фирмата која гради не постапила по насоките од општината, па сега тоа ќе го направи Општина Центар. Цело градилиште ќе се затруа со земја.

Герасимовски заедно со полицијата ги сретнаа работниците на градилиштето и ги информираа како ќе постапуваат.

Видео: Макфакс