(Видео) Герасимовски излезе на терен со инспекцијата: Затворено градилиште позади Универзална сала

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски заедно со градежен инспектор и полициски службеници излезе на терен и затвори градилиште позади Универзална сала.

- Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на Општина Центар му го затворил градилиштето. Мора да сфатиме дека во оваа држава постојат закони и тие важат за сите, кажа Герасимовски.

Видеото може да се погледне ТУКА.