Верувале или не, Грција не информирала дека сменила еден сообраќајен знак од Скопие во Скопје

Оваа информација вчера ја откри министерот за надворешни работи Бујар Османи, каде додава дека суштинскиот дел од Преспанскиот договор е испочитуван од двете страни,а во делот на сообраќајните знаци од Грција не информирале дека смениле еден знак.

- “Ние во 95 проценти ако можам да кажам сме ги исполниле нашите обврски. Грција во својот суштински дел, а тоа е поддршка на НАТО и ЕУ интеграцијата, го има испочитувано. Ние сме останале во неколку институции каде надлежноста не е на Владата, на пример МАНУ, МРТ и федерациите. Тоа е што е останато во нашиот дел. Грција има во делот на одредени сообраќајни знаци, дури вчера не информираа дека еден знак го имаат сменето, и три договори коишто не се директно поврзани со Преспа“, рече Османи, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Доколку има суштински проблеми во имплементирањето на Договорот, како што рече, во кое било време може да побараме да се свика т.н. висок совет што го водат премиерите заедно со дел од министрите.