Заврши штрајкот на грчките цариници, се нормализира патничкиот и товарниот сообраќај со Грција

Утрово во шест часот заврши дводневниот штрајк на грчките цариници и со тоа влегувањето во Грција преку трите премини Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники се одвива нормално.

Како што информираше началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, сообраќајот и преминувањето на границата со јужниот сосед се одвива тековно.

Вчера и завчера во целосен прекин беше товарниот сообраќај на сите гранични премини, а повремено се пропуштаа патници на Богородица и Дојран.