Денеска ќе биде осветен 63-метарскиот крст во скопско Драчево

Денес во чест на празникот Цветници ќе биде осветен македонскиот Крст во Драчево, висок 63 метри. Веста за осветувањето ја објави градоначалникот на Општина Кисела Орце Ѓорѓиевски.

Заедно со Светски Македонски Конгрес за сите присутни се потрудивме настанот да помине во добра и пријатна атмосфера за која ќе се погрижат Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски како и мешаниот камерен хор „Свети Климент Охридски“. Потоа, следува она што ќе го запише историјата – во 12 часот е чинот на осветување на Крстот изграден со многу љубов и големи заложби кое ќе го изврши Неговото блаженство – Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана прва, г.г. Стефан. Дојдете заедно да посведочиме за овој прекрасен настан, на едно од најголемите православни градби во светот со кој го градиме и нашиот национален идентитет – вели градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој ги покани сите граѓани заедно да посведочиме за овој прекрасен настан, на едно од најголемите православни градби во светот со кој го градиме и нашиот национален идентитет.