Вчера за пет часа казнети над 140 пешаци

Во текот на вчерашниот ден (21.05.2024), во периодот од 09.00 до 14.00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата санкционирани се 143 пешаци, од кои 123 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 93 други видови на сообраќајни прекршоци, информираа од полицијата.