Двојно убиство доцна синоќа: Жена со нож ги уби сопругот и свекорот

Двојно убиство доцна синоќа се случи во Кратово.

Според информациите, жена на возраст од 37 години со нож го усмртила својот сопруг, а потоа и својот свекор.

Жената е приведена во полициска станица. На терен доцна синоќа излегле јавен обвинител, полиција и брза помош.

Се вршеше увид на лице место, а повеќе официјални информации се очекуваат во текот на денот.