Важно соопштение за студентите кои биле одбиени или не аплицирале за студентски оброк

Студентите кои биле одбиени или не аплицирале на претходните повици за субвенциониран студентски оброк, имаат можност од 1 до 7 од секој нареден месец тоа да го направат преку порталот на Е-услуги.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, оние студенти кои ги исполниле условите ќе бидат информирамирни преку порталот каде ја поднеле апликацијата.

- Потоа, потребно е да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка со која МОН склучи нефинансиски договор за реализација на мерката и да ги ажурираат своите податоци на, по што ќе добијат информација преку СМС за точното време и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскaта студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк, велат од МОН.

МОН исто така има отворено и електронска адреса на која студентите можат да се обратат за каква било информација или поддршка при апликацијата – so.us@mon.gov.mk или во наменската канцеларија.на приземјето во зградата на министерството. Потсетуваме дека можноста за аплицирање ќе биде отворена и секој нареден месец, од 1ви до 7ми, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради било каква причина, додаваат од МОН.