Вака не зборуваше додека беше министер - Димитров вели дека ЕУ треба да ни даде директна понуда за проширување

Поранешниот шеф на дипломатијата, а сега претседател и ко-основач на Балкански центар за конструктивни политики „Солуција“ Никола Димитров за време на неговото учество на деветтиот Делфи форум вели дека е потребна директна понуда од ЕУ и сигнал дека Унијата е сериозна за проширувањето со земјите од регионот

Посочи дека во целиот процес, и Европската Унија, но и земјите кандидати треба да си го завршат својот дел од работата.

„Мислам дека ќе биде паметно да се комплетира европскиот проект со земјите од регионот, како и со кандидатите земји Украина, Молдавија и Грузија. Ако не можеме да го направиме ова, европскиот глас во светот ќе стане послаб“, истакна Димитров.

Тој ја посочи Грција и нејзината континуирана поддршка на европскиот пат, но и додаде дека „оние кои ќе имаат придобивка од ЕУ интеграцијата се нашите соседите“.

„Трагедија ќе биде ако Европа е таму, а ние не сме, не можеме да си го дозволиме тоа“, истакна Димитров.