Димитров: Лекови нема, учебници нема, правда нема, а власта зборува само за уставните амандмани

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во вчерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека чувствува одговорност што бил дел од власта и на изборите давал ветувања што се далеку од реалноста.

– Чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа, тоа не е истата екипа од онаа влада во којашто бев, но јас бев на избори, давав изборни ветувања кои се многу далеку од реалност, рече Димитров.

Ексминистерот вели дека овој општ башибозук или распад на институциите води кон вакви настани, како што во Тетово и Чаир имаше непочитување на државните симболи.

Тој додаде дека сега сме вратени во време на партиски клиентелизам и ништо во државата не функционира

Според него, проблемите се огромни, лекови нема, учебници нема, правда нема, а власта зборува само за уставните амандмани. Toj вели дека мораме да се вратиме на она „нема правда, нема мир“.