Димитров: Зошто се издавале стари патни исправи во 2021 година не знам, тоа не е во согласност со уставноста и законитоста

Еден од потписниците на Преспанскиот договор поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во полемика на Фејсбук споделува негово мислење околу новонастанава ситуација со патните и личните документи. Димитров вели дека тоа што во 2021 година биле издавани стари патни исправи не е во согласност на начелото на уставност и законитост.

- Договорот беше објавен во целост, вклучувајќи ја одредбата за рокот од пет години од неговото влегување во сила  (12 фебруари 2019) за замена на патните исправи. Рок што беше утврден во координација со надлежните и потврден на Влада и во Собрание. Зошто се издавале стари патни исправи и во 2021 година искрено не знам ниту пак тоа е согласно начелото на уставност и законитост. Прашањето треба да го одговори МВР.Токму атоа велам дека овој процес треба да биде на тропок на државата меѓу другото, и поради сите овие конфузии.