Утре времен сообраќаен режим во овој дел од Скопје

Од ЈП „Улици и патишта“ информираат дека утре (недела), во периодот од 8 до 11 часот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, на крстосницата на булеварот Александар Македонски со улицата 16. македонска бригада, ќе поставуваат сообраќајни табли за насочување на сообраќајот на семафорските портални столбови.

Поради изведба на градежните активности, во овој период од страна на претпријатието со соодветна сообраќајна сигнализација ќе биде воведен привремен режим на едната коловозна лента.