Утре и задутре ќе се вози по неделен возен ред, жичницата ќе работи сите денови до 17 часот

Јавното сообраќајно претпријатије ( ЈСП) ги известува корисниците дека утре, петок, поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

И в сабота (20.01.2024 год) ќе се вози по неделен возен ред.

 Утре, дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров, а во сабота сите ќе работат со вообичаеното работно време.

 Жичницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.