ЈСП утре ќе сообраќа по неделен возен ред

Утре, на верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17:00 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.