Утре Дац и Александар ќе ги забавуваат центарци во пресрет на Нова година

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски го најави предновогодишно дружење на Боемска 1 на кое присутните ќе ги забавуваат познатите Дац и Александар.

Овој четврток (утре) забавата започнува од 19 часот со настап на ДЈ Александар Јорданов, а од 21 часот продолжуваат Дац и Александар Митевски.

- Истиот ден со почеток во 11 часот свои музички точки ќе имаат и децата од градинките и училиштата, а градоначалникот ќе им додели и новогодишни пакетчиња, најавија од општина Центар.