Герасимовски: Боемска улица ќе биде украсена и ќе има прослава

Поради енергетската криза и непопуларните мерки за исклучување на дел од светилките во општината планираме скромно украсување во Боемската улица каде ќе има дводневни активности, предновогодишна прослава на 29 и 30 декември, а сето тоа со помош на општествено одговорни компании без да се прави трошок на општината Центар, вели Горан Герасимовски, градоначалник на Центар во СТУДИО 10 на ТВ24.

-Општествено одговорни компании ни донираа 3.000 пакетчиња кои ќе бидат поделени на ранливи категории граѓани како и помош за социјално загрозени граѓани, додава Герасимовски.