Угостителските услуги поскапи за 6,1 отсто за само една година

Цените на угостителските услуги во октомври годинава во однос на истиот месец лани, се зголемени за 6. 1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативно, за периодот јануари – октомври 2023 година, споредено со истиот период од 2022, цените се повисоки за 10. 5 %, додека во однос на декември 2022 година, зголемувањето е 3. 9 %.

Цените на угостителските услуги во октомври, пак, во споредба со септември годинава, се повисоки за 0. 3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.

3 %, Алкохолни пијалаци за 0. 1 % и Безалкохолни пијалаци за 0. 3 %.