Од полноќ поскапи горива - ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика, донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на одлуката од 15.4.2024 година.

Од 23.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,554 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,252 ден/кг и ќе изнесува 44,554 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,608%, кај дизелот намалувањето е за 5,088%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 4,799% и кај мазутот намалувањето е за 1,138%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,618%