Уапсено уште едно лице од инцидентот кај плоштадот Скендер бег

Вчера беше приведен уште еден маж од инцидентот кај Скендербег кој се сомничи дека испукал со пиштол.

Според извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР), лишен е од слобода Р.А. (29) од Скопје кој се сомничи дека на 06.07.2022 околу 19.30 часот на бул. Гоце Делчев во Скопје,на плоштад Скендербег, испукал со пиштол. 

Во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал извршен е претрес во домот на Р.А. и пиштолот е одземен, а во координација со Јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело "предизвикување општа опасност" предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.

Денеска, Р.А. е изнесен пред Судија на претходна постапка од каде уште нема нови информации за случајот.