Гворот на Ковачевски беше прекинат од свирењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои исто така го нарекоа „Предавник!“

Додека во Собранието тече 81-седница каде се дебатира за францускиот предлог и неговата содржина, најпрво пратениците на опозицијата држеа транспаренти за време на говорот на Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а потоа за време на говорот на премиерот Ковачевски, пратениниците од ВМРО-ДПМНЕ почнаа да свират.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ исто така за време на говорот на Ковачевски му довикуваа со зборовите:

  • Ултиматум не благодарам

  • Да за ЕУ, не за асимилација

  • Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот

  • Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна

  • Ние сме Македонци ,не бугари

  • Нема иднина без историја

  • Македонија не е на продажба

  • СДСМ предавници на народот

На крај, кога Ковачевски заврши со неговиот говор пратениците на опозицијата почнаа да викаат кон него со зборовите: „Предавник!“