Собранието ќе продолжи со работа по пауза од еден час

На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието, Талат Џафери објави пауза од еден час. Седницата ќе продолжи во 17:55 часот.

Ова е веќе втор ден каде во Собранието се дискутира за содржината на францускиот предлог. 

Како и вчера, така и денес, се протестира со шатори пред зградата на Собранието, а внатре во институцијата пратениците на опозицијата говорат против Предлогот и ги поречуваат говорите на пратениците од СДСМ.