Уапсен е разбојник во скопската населба Центар

 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 20 часот во близина на трговски центар во скопската населба Центар е уапсен А.С.(35) поради недозволена трговија со дрога и оружје.

Според МВР А.С. истиот ден околу 19:19 часот извршил грабеж во аптека во скопската населба Кисела Вода каде со закана кон вработени одзел пари. При претресот што го направила полицијата кај него биле пронајдени одзсмените пари но и пиштолот со кој им се заканувал на вработените.

Како што соопшти МВР А.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.