Тројца скопјани вчера биле искасани од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата во Скопје стигнале три пријави за каснувањеа од улични кучиња. 

На 26.03.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Центар, Г.Г.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Стале Попов“ бил каснат од куче скитник.

На 26.03.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Н.С.(24) од Скопје пријавила дека на ул.„Крсте Асенов“ била касната од куче скитник.

На 26.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Карпош, Р.М.(75) од Гостивар пријавила дека на ул.„Никола Парапунов“ била касната од куче.