Триото „Репетитор“ од Белград во сабота во Младински културен центар

Со почеток во 21 часот, во сабота, скопјани ќе се забавуваат со алтернативното гаражно рок/пост-панк трио од Белград, „Репетитор“.

Тие ќе настапат на сцената во Младинскиот културен центар. Гарантираат возбудлива концертна атракција, а за тоа сведочат нивните настапи во соседба Србија, регионот и цела Европа. 

-Со безброј турнеи и концерти зад нив, Репетитор настапувале во клубови и фестивалски сцени во над 20 европски земји, како и во Русија и Кина. Sziget, Exit, Fusion Festival, Здраво Млади, Eurosonic, Pohoda, Europavox, Rock For People, Loftas, Stereoleto, INmusic, Waves Vienna, Botanique, Arsenal... се само дел од многуте фестивали. Со нивните први три студиски албуми „Све што видим је први пут“ (Одличан Хрчак, 2008) „Добродошли у океан“ (Moonlee Records, 2012) и „Где чеш“ (Moonlee Records, 2016) Репетитор ги освои топ листите и одлични критики, но својата репутација ја стекнаа пред се со фантастични енергични концертни изведби - информираат од МКЦ.