Три животни мини лекции

Еден ден ќе сфатиш...

Еден ден ќе сфатиш дека постојат луѓе кои никогаш нема да те издадат, но пред тоа ќе мораш да минеш низ многу предавства. Еден ден ќе разбереш дека надворешниот сјај не е ништо во споредба со внатрешната убавина. Затоа, сè што е надворешно трае до првиот дожд. Она што е внатре гори засекогаш. Дури и ако згасне до речиси незабележливи искри. Но, доволно е лесно да дувнеш и оганот повторно ќе се распламти и ќе те загрее. Еден ден ќе сфатиш дека многу изјави, цитати, афоризми кои ги имаш читано и слушано, се само празен, иако убав збир на зборови, но не повеќе од тоа. Важни се само тие вистини, кои самиот си ги спознал. Еден ден ќе сфатиш дека добрината, нежноста, љубовта и грижата се одлики на внатрешна сила, а не на слабост. 

„Предуслов“ за вештина

Еден фотограф дошол кај една дама на вечера. Гледајќи ги неговите фотографии, таа викнала: 

„Колку се прекрасни сликите. Сигурно поседувате многу добар фотоапарат?

Фотографот премолчел. Но, кога си заминувал, рекол:

„Ви благодарам. Вечерата беше многу вкусна. Сигурно имате многу добри моркови.“

Силата на ситниците

Оваа приказна е одличен потсетник колку се важни ситниците во нашите животи и која често се користи како метафорички израз на неспособноста на луѓето да реагираат на значајни промени кои во животот постепено се случуваат. 

Што ќе биде ако жабата се најде во лонец со врела вода? Веднаш ќе помисли: „Тука е многу непријатно. Треба што побрзо да се побегне оттука.“ И во истиот момент ќе скокне и ќе излезе. Но, што ако истата жаба ја ставите во лонец со ладна вода, кој ќе го ставите на шпорет и полека ќе го загревате? Жабата ќе се опушти. Таа секако дека ќе забележи дека станува потопло, но ќе си помисли: „Малку топлина нема да ми наштети.“ А ќе заврши со тоа што ќе биде сварена. 

Наравоучение: Многу работи во животот незабележлво се натрупуваат: долгови: килограми, лошо здравје, знаење, благосостојба. Не заборавајте дека никогаш не смеете да ги потценувате ситниците.