Животни лекции за кои ми беа потребни 40 години за да ги научам

Денес наполнив 40 години. Животот не излезе онака како што се надевав. Некои работи, како родителсттвото, излегоа и подобри отколку што замислував дека ќе бидат, а од друга страна имав проблеми со здравјето. Еве што научив на долгиот пат кој траеше цели 40 години...

40. Единствената личност која треба да ја слушаш си ти. Престани да глумиш и биди тоа што си. 

39. Нема сите да те сакаат. Тоа е океј. Има луѓе кои те обожаваат – фокусирај се на нив. 

38. Како што старееш, не значи дека веднаш ќе станеш мудра жена. Некои луѓе со години ги прават истите грешки. Биди паметна, учи од своите грешки и не ги повторувај. 

37. Ти се знаеш најдобро себеси, затоа не барај совети од другите. Сама решавај ги проблемите.

36. Слушај си го срцето, а мозокот полека ќе стигне до остварување на таа желба, чекор по чекор. 

35. Не знаеш што сѐ не знаеш. Некогаш попатно се случува да стигнеш до изгубените делови од своето знаење. Затоа туркај напред и ќе научиш сѐ што ти е потребно. 

34. Грешките се неизбежни. Тоа е живот. Не постои личност која не греши.

33. Никогаш не ги случај луѓето кои ти велат дека нешто е невозможно. Сѐ е возможно ако одлучиш да успееш. 

32. Никој не знае што го чека во иднината. 

31. Ако некој ти каже дека може да ги предвиди идните случувања, биди внинателна.

30. Верувај во твоите соништа, дури и кога другите мислат дека си луда. 

29. Престани да се нервираш. Потребно ти е твоето здравје, а стресот го уништува. 

28. Секоја вечер спиј барем по седум часа за да можеш нормално да функционираш. 

27. Води сметка за своето тело. Тоа е храм на твојата душа!

26. Секогаш кажувај го она што го мислиш. Исполнувај ги ветувањата, без оглед на цената. 

25. Самодовербата се стекнува, само ако храбро леташ низ животот. 

24. Искушувањата се моментални, а последиците траат цел живот. А цел живот е долг период. 

23. Плановите некогаш паѓаат во вода. Затоа секогаш имај резервен план за да можеш да продолжиш понатаму. 

22. Секогаш следи го својот план, но води сметка на тоа да го поправаш со текот на времето. Не се држи толку строго кон работите, прошири ги видиците. 

21. Работи мудро, а не напорно. 

20. Вистината е најдобра опција, без оглед што некогаш е грда. Подобро да знаеш, отколку да претпоставуваш и слепо да им веруваш на луѓето.

19. Сакај се себеси. Само ако се цениш себеси и другите ќе те ценат.

18. Секогаш биди љубезна.

17. Нема секоја љубовна врска да трае вечно и тоа е сосема океј.

16. Не е твоја работа да им држиш лекции на другите. Доволно е да дадеш добар пример преку својот сопствен живот. 

15. Ако си родител, биди внимателна, децата го прават она што го гледаат од тебе. 

14. Внесувањето промени значи посветеност, дисциплина и повторување. 

13. Фокусирај се на сегашноста. 

12. Што и да правиш сега, во мислите дека биде твојата иднина. 

11. Остави минатото да отиде во заборав. 

10. Не можеш да ги промениш луѓето. Или прифатете ги или продолжете понатаму без нив. 

9. Слушни ги и туѓите мислења. Кога престануваш да слушаш, престануваш да учиш. 

8. Преиспитувај ги сите работи. Тоа е единствениот начин да ги направиш работите на правилен начин. 

7. Твоите уверувања ја дефинираат твојата личност, затоа внимателно избирај ги. 

6. Ќе налетуваш на многу нагорници на твојот животен пат. Не се бори, научи како правилно да ги совладуваш. 

5.  Твојот ум е моќен. Инвестирај во него, секој ден учи нешто ново!

4. Одвреме-навреме сети се на својата смртност и негувај ја својата душа.

3.  Однесувај се со другите онака како што сакаш тие да се однесуваат со тебе. 

2. Да се биде среќен е всушност прашање на одлука и избор!

1. Сѐ додека не се откажеш од животот, животот нема да се откаже од тебе.