Три скопски општини утре без струја

Утре, четврток, по известување од ЕВН Македонија АД, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром, Гази Баба и Бутел.

Прекинот ќе се одвива по овој распоред и тоа: 

- во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – краци 22 и 24. 

- во периодот од 08.20 до 15.30 часот, корисниците од ул. Јани Лукровски бр.9, Клетвеник бр.1, Лазар Поп Трајков бр.36, како и дел од корисниците од ул. Вамбел и ул. Лазар Поп Трајков на потегот од кривината кон бул. Киро Глигоров. 

- во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од ул.56 во село Радишани. 

- во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – краци 34, 38 и 46. 

- во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 23 Октомври, објектот на маркет Кипер, како и останатите објекти лоцирани до маркет Кипер.