Три начини да го победите пролетниот замор

Со доаѓањето на пролетта, некои луѓе се чувствуваат заморено, омалаксано и се соочуваат со главоболки и несоница.

Сето ова се симптоми на пролетен замор. Со преминот од зима на пролет, тоа значи и промена во нашето тело бидејќи надворешната температура влијае и на нас. Нашето тело треба прво да се прилагоди на ваквите промени. 

Истовремено, зголемувањето на дневната светлина влијае на нашиот биоритам, како и самото поместување на времето. 

Но, како можеме да си помогнеме?

Полека да се прилагодиме

Важно е да знаеме дека станува збор за пролетен замор и дека нам ни е потребно прилагодување од неколку недели. Во овој период, добро е да минуваме време надвор на отворен простор, но и да користиме помлака вода за туширање. Можеме и да направиме мал трик со тоа што ќе ја менуваме температурата на водата во текот на капењето од топла на студена, што ќе го подобри и нашиот имунитет.

Збогатете ја исхраната

Пролетта носи и сезонско овошје и зеленчук кои се богати со витамини и минерали и затоа добро е тие да бидат дел од нашата исхрана. Можеме да пиеме повеќе здрави сокови, да јадеме зелена салата, кромид и лук и повеќе да се осврнеме на храна богата со витамин Ц и Б.

Фолната киселина и витаминот Б се многу корисни бидејќи создаваат на лачењето серотонин, хормонот кој го подобрува нашето расположение. 

Пробајте во исто време да одите на спиење и да се будите

Ова е особено важно за усогласување на биоритамот. Важно е да спиеме 7-8 часа во текот на ноќта, но и да фатиме добар ритам на спиење за да се одморите. Ако добро се одмориме во текот на ноќта, тоа ќе ни донесе и подобра енергија во текот на денот.