Три лица уапсени за дрога во Скопје

Денеска по полноќ и вчера полицијата апсеше за дрога на подрачјето на Скопје. Уапсени се три лица во одделни случаи.

На 27.03.2023 во 01.45 часот во Скопје на подрачјето на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 26.03.2023 во 21.10 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници  го лишиле од слобода В.С.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 26.03.2023 во 22.10 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Б.М.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следи соодветен поднесок против сторителите.