Тешка сообраќајка во Тафталиџе, прегазена жена

Скопјанка на возраст од 78 години е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера утрото се случила на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Лондонска“.

-Патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(57) од Скопје, удрило во пешакот М.Ј.(78) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила М.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Скопје.