Тешка сообраќајка во Аеродром: Распрскани делови од возила, отворени воздушни перничиња

Тешка сообраќајка се случи на раскрсницата помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и „Србија“. Се судриле возила „фолксваген голф“ и „пасат“. На двете возила има големи штети, а делови од нив се распрскани на улиците, пренесува порталот Скопје1

Засега не е познато дали има повредени лица. На местото е дојдена и Брза помош.

На терен е излезена полицијата, има повеќе лица кои се околу возилата.

Повеќе детали се очекуваат за подоцна.