Тепачка во Гази Баба: Се степале млад маж и неговата 72-годишна баба

Изминатиот викенд инцидент во скопска Гази Баба. 

- На 02.03.2024 во 16.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Гази Баба, по претходна расправија, во двор од куќа бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 25-годишен маж од една страна и неговите 72-годишна баба и 50-годишна тетка, од друга страна, сите од Скопје, соопшти полицијата во вчерашнито дневен билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.